Средба со амбасадор на Р. Словенија во Р. Македонија |
Понеделник, 16 Април 2018 15:04 | |||
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец. На средбата градоначалникот Бочварски и амбасадорот Јазбец разговараа за продлабочување на веќепостоечката соработка помеѓу двете пријателски земји, со акцент на соработка којашто ја вклучува Општина Штип. „Со амбасадорот Јазбец дискутиравма за конкретни прашања во делот на економската соработка. Јас се заблагодарив за грантот којшто Општина Штип го има добиено за надградба на филтер станица во Штип, но и за експертите од Словенија кои ќе доаѓаат во периодов што доаѓа. Можеме да научиме многу од Република Словенија и затоа нашата соработка ќе ја продлабочуваме. Амбасадорот на Република Словенија ќе биде поканет на отворањето на спомен собата на нашиот прв претседател Киро Глигоров,“ информираше градоначалникот Бочварски. Словенечкиот амбасадор Јазбец ги повтори заложбите за продлабочување на македонско-словенечката соработка во секој аспект, што е и одраз на долгогодишното македонско-словенечко пријателство.
|