Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Општинската изборна комисија - Штип им ги врачи уверенијата на 23 советници во Советот на Општина Штип
Општинската изборна комисија - Штип им ги врачи уверенијата на 23 советници во Советот на Општина Штип
Среда, 01 Ноември 2017 14:14

sovetnici uverenija resize23 советници во новиот Совет на Општина Штип денеска и официјално ги добија уверенијата за нивните четири годишни мандати. Членовите и претседателката на ОИК, Сенка Андреева   на свечен начин им ги врачија уверинијата на 12 те советници од листата на СДСМ и коалиционите партнери и на 11 советници од листата ан ВМРО ДПМНе и коалиционите партнери.

Носителот на советничката листа на СДСМ, Ален Ѓеорѓијев истакна дека како советничка група ќе ги подржуваат одлуките на новиот градоначалник, бидејќи за време на кампањата се ветија повеќе инфаструктурни и капитални објекти.

-          Ние тука сме за интересите на граѓаните, без разлика дали одлуката ќе биде предложена од градоначалникот, дали од нас и или друг. Ние секогаш мораме да ги браниме интересите на граѓаните, а на крајот на краиштата сме и избрани од нив и да ги штитеме нивните интереси.

Прашан дали тој ќе биде идниот претседател на Советот на Општина Штип, Ѓеорѓијев одговори дека дополнително ќе ја донесе одлуката.

Иван Јорданов носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери истакна дека како советничка група ќе има одговорна улога во штипскиот Совет.

-          Ние како советничка група заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ ќе бидеме конструктивни во носењето на одлуките се со цел да бидеме одговорни и да работиме во нивен интерес. Она што сакам да го порачам е дека ќе ги поддржиме сите добри одлуки кои што ќе значат подобрување на животот на граѓаните, но во исто време ќе бидеме и гласно говорници за сите одлуки за кои што сметаме дека ќе бидат на штета на граѓаните, рече Јорданов.  

Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева потенцираше дека за време на првиот, но и за вториот круг на Локалните избори членовите на ОИК работеле мaкотрапно, со цел да има фер и демокартски избори на избирачките места.

-          Тоа беше една екипа која е составена повеќе од жени, девојки, кои го дадоа својот максимум невависно дали беше машка работа или женска. Се носеа кутии, паравани и ред други работи, вели Андреева.

Општинската изборна комисија очекува по истекот на рокот на приговорите Државната изборна комисија да ги објави и конечните резултати за избор на градоначалник на Општина Штип. Доколку нема приговор, во тој случај до крајот на неделава се очекува ОИК да го врачи и уверението на новиот градоначалник на Општина Штип, Благој Бочварски.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2024
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize