Градоначалникот Бочварски на манифестацијата за децата со посебни потреби |
Петок, 10 Ноември 2017 14:19 | |||
Со манифестацијата „Во чест на градот“, Општина Штип денес ја реализираше програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Штип, 8 ноември. На иницијатива на градоначалникот Благој Бочварски, денес се оддржа приредба во чест на децата со посебни потреби на која децата од градинката „Вера Циривири-Трена“ приредија мал рецитал и изведби а штипскиот естраден уметник Зоран Илиев ги забавуваше. - Среќен сум што денес ја организиравме оваа манифестацијата, за да им покажеме почит и внимание на децата со посебни потреби, да покажеме дека и тие се дел од нашето општество и дека тие треба да се радуваат на животот. Јас секогаш ќе ги поддржувам ваквите настани бидејќи се во функција на децата со посебни потреби, да бидат што повеќе прифатени во нашата заедница и воедно да искажам благодарност до Зоран Илиев кој беше дел од настапот и им го разубави денот на дечињата - изјави градоначалникот Бочварски. На прашањето од новинарите за издвојување на повеќе средства за децата од здруженијата „Порака“ и „Сплотени срца“, градоначалникот одговори: - Прво мораме да ги направииме сите анализи и доколку при подготовката на буџетот има можност за такво нешто ние ќе помогнеме. Во овој момент не можа да зборувам за бројки, се додека не направам увид во буџетот и не се направат сите анализи. Доколку има можност, јас ќе ги поддржам. Илиев кој испеа неколку песни за децата напомена: - Јас како естраден уметник секогаш ќе бидам тука, да пејам за децата и да помогнам колку што можам, и драго ми е што бев дел од ова. Градоначалникот Бочварски на децата со посебни потреби им подели мали подароци а манифестацијата се оддржа на платото пред новиот Ректорат на штипскиот Универзитет.
|