Средба на градоначалникот на Штип со Ректорот на штипскиот Универзитет |
Понеделник, 13 Ноември 2017 13:28 | |||
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денес имаше средба со ректорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, д-р Блажо Боев. Средбата е со цел воспоставување на нови можности за соработка меѓу двете институции: - Денес се обидовме да воспоставиме некои контури на идна соработка помеѓу двете институции.Ние се договоривме дека ќе имаме тесна соработка за најразлични проекти и еве веќе денес разговаравме за поставување на мерач на воздух кој е проект на УГД а ние како општина Штип треба да најдеме локација за тоа. Ова е само почеток на соработката, тука влегува и можноста за соработка и комуникација со професори од Универзитетот кои ќе бидат во функција на настани организирани од општина Штип, за студентски дом за кој сме согласни дека треба да се налрават напори врз Владата на РМ која има ингеренции да го финансира тоа и да придонесеме УГД и Штип да одат напред - изјави градоначалникот Бочварски. Ректорот Боев исто така се заложи за продлабочување на соработката: - Сакам да искажам благодарност од разбирањето на новиот градоначалник за заложбите за идна сработка бидејќи УГД е средина која поседува голем интелектуален потенцијал кој може да биде ставен во функција на развој на општината. Таа блиска соработка со општината ќе биде значаен двигател на севкупното живеење и ова е добра прилика да покажеме дека заедно можеме да генерираме развој на локалната заедница.Она што го договоривме во делот на развојот на студентскиот дом е значаен дел за привлекување на странски студенти.Тоа за нас е важно но и за градот, за внесување на нови идеи, и мислам дека сме на вистински пат да го оставриме тоа. Ректорот Боев изрази подготвеност да ги поддржи проектите на општината во кои има потреба од ангажман на УГД.
|