Средба на градоначалникот и претседателот на Советот со Центарот за управување со кризи |
Четврток, 16 Ноември 2017 11:31 | |||
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и претседателот на Советот, Јане Миланов денес имаа средба со претставници на Центарот за управување со кризи за Штип и Карбинци. Ова е прва средба со цел запознавање на новата локална самоуправа со надлежностите на ЦУК: - Ние се ставивме на располагање на ЦУК со нашите ресурси и разменивме информации за тоа како би функционирале, како би одела сета комуникација во услови на кризи. Важно е како ќе тече таа комуникација , како ќе реагираме и соработуваме за да избегнеме поголеми последици од можни елементарни непогоди. Ова е прва средба и мислам дека ги поставивме темелите на идната соработка. Советот на Општина Штип работи на сите документи, како што се стратегии и планови за наша реакција, заедно со буџет за таа намена, но најважна е комуникацијата и координацијата за да имаме побрза реакција - кажа градоначалникот Бочварски. Од ЦУК кажаа дека комуникацијата со Општината е клучна за брза реакција во услови на криза: - На средбата со градоначалникот и претседателот на Советот ги запознавме со целите и задачите на овој систем за управување со кризи.Дадовме и наши забелешки за подобрување и проширување на координацијата.Имаме одредени недостатоци за функционирањето, а тоа се пред се материјално-технички и човечките ресурси, пополнетоста со луѓе. Затоа и имаме постојана комуникација за да ја подобриме ситуацијата во системот иако не сме доволно екипирани - напомена Драган Веселинов, од ЦУК. Според него, ова тело располага само со едно возило, кое не е доволно за успешно вршење на нивната работа посебно во ситуации како што се поплавите и пожарите.
|