Протоколарна средба на градоначалникот на Штип со Министерот за Култура |
Среда, 22 Ноември 2017 13:54 | |||
Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски вчера попладне го посети Штип и оствари низа работни состаноци со претставници на институциите од областа на културата во градот кои се во надлежност на министерството. Министерот имаше кратка протоколарна и неформална средба и со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, во функција на прв човек на градот, на која беше искажана поддршка за проектите од културата кои локалната самоуправа ќе ги организира. Се разговараше за изнаоѓање на ефикасни начини за унапредување на соработката и за конкретни механизми кои што стојат на располагање за развој на културата и уметноста во Штип. Во следниот период ќе следи и официјална посета на Општината за понатамошно зацврстување на соработката. Министерот Алаѓозовски потоа разговараше со раководителите на националните и јавните установи од културата, при што изврши увид во објектите, разговараше со културните работници и уметниците и се запозна детално со состојбите, итните потреби и приоритетите за развој на културата во градот. Детали за средбата со раководствата и ваботените од институциите од културата, на следниот линк: http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/novosti/3243-2017-11-21-17-37-35
|