Средба на градоначалникот со претставници на дежурните служби за Нова година |
Среда, 27 Декември 2017 14:46 | |||
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денес оствари средба со претставници на осум институции кои ќе имаат за задача да бидат дежурни за време на новогодишните и Божиќните празници, при што им врачи ваучер во поединечна вредност од 3000 денари: -Денеска остварив средба со вработените во главните осум институции во Општина Штип, коишто ќе бидат задолжени за новогодишната ноќ да помине во најдобар ред. Станува збор за институции коишто ќе имаат дежурни екипи и служби. Затоа, во оваа прилика сакам да се заблагодарам во името на сите граѓани на Општина Штип на раководителите и вработените во овие институции, затоа што додека граѓаните празнуваат со своите најблиски, овие луѓе ќе бидат на работните места и ќе се грижат за новогодишната ноќ да помине во најдобар ред. Се надевам дека работата на новогодишната работна ноќ ќе им минува во најдобар ред, а на задоволство на сите граѓани на нашата општина. Воедно се заблагодарив и за работата во текот на целата година на овие институции. Станува збор за СВР Штип, ТППЕ, Филтер станица, итна медицинска помош, КПД, Секјуриком, ЈП „Стипион“ и ЦУК. На вработените им посакав успешен почеток и многу среќа во Новата година. Средбата е дел од Програмата за одбележување на Новогодишните и Божиќните празници.
|