Оддржана средба помеѓу градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Воутер Пламп |
Четврток, 11 Јануари 2018 12:39 | |||
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пламп. На средбата градоначалникот го запозна амбасадорот со тековната работа на Општина Штип, како на пример почеток на проект за изградба на детска градинка, инфраструктурни подвизи за развој на руралните делови од општината, но и одржување на инфраструктурата во градот, и тоа преку работа на обиколницата, проектот со МЗШВ за изградба на брана и тн. Во текот на средбата се разговараше за можностите и перспективите коишто Општина Штип ќе им ги обезбеди на младите, како и за предвидените проекти со коишто ќе се подобрат условите за живот на сите граѓани. Амбасадорот на Кралството Холандија ги поздрави напорите на новата локална власт да обезбеди рамноправност и инклузија за сите граѓани на општината, како и обезбедување позитивна економска клима за нови, но и за постоечките инвестиции, меѓу кои има и холандски фирми.
|