Одржана средба помеѓу градоначалникот Благој Бочварски со заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Пол Едвардс |
Понеделник, 15 Јануари 2018 13:56 | |||
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Пол Едвардс. На средбата градоначалникот и заменик-амбасадорот разговараа за тековните активности и проекти на Општина Штип, инфраструктурните подвизи за целосен и еднаков развој на целата територија на општината, како и напорите на новата локална администрација да обезбеди поквалитетен живот на штипјани, чиста вода за пиење, еколошки безбедна животна средина и сл. Градоначалникот Бочварски истакна дека меѓу приоритетите е гасифицирањето на Општина Штип, што ќе придонесе за големи енергетски заштеди и еколошки чиста средина. Заменик-амбасадорот Едвардс ги поздрави напорите на новата локална администрација да го развива дијалогот со граѓаните преку дебати на ниво на урбани заедници за формирање на буџетот за 2018 година, како и неодамнешната дебата за изнаоѓање сообраќајни решенија. Новиот концепт на новата локална власт за Општина отворена за сите граѓани беше поздравен и охрабруван за во иднина.
|