Недела, 06 Мај 2018 15:04 |
Денеска во рамки на одбележувањето на Денот на полицијата, на градскиот стадион во Штип, припадниците на МВР ги презентираа своите можности преку низа показни вежби, на коишто присуствуваа претседателот на Влада на РМ, Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и градоначалникот на Општина Штип,
Благој Бочварски. По успешно завршената манифестација, министерот Спасовски во знак на благодарност за успешната соработка и разбирање за организација на настанот, додели благодарници на градоначалникот Бочварски, директорите на јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион 2011“, како и на ФК „Брегалница“ за отстапување на стадионот. Градоначалникот Бочварски на министерот за внатрешни работи, Спасовски, му додели благодарница за успешно и пожртвувано делување во служба на Општина Штип и граѓаните на Република Македонија.
|