Корекција на плаќање на 20 отсто согласно Законот за пожарникарство |
Понеделник, 25 Јануари 2021 14:33 | |||
Денес решивме еден долгогодишен проблем. По потпишување на правилникот, бодот на плати којшто досега беше 76.93, сега е 81.6. Имено, до 2017 година, ништо не беше решено во поглд на исплатите коишто на пожарникарите им следуваа по Закон. Таквата неодговорност ја чинеше Општина Штип, 20 милиони денари, пари коишто Општината ги исплати по однос на тужби од ТППЕ. Општина Штип е втора Општина по Град Скопје, којашто одлучно пристапи кон решавање на овој проблем, којшто сега го оставаме зад нас.
|