Викенд акција за чисти, асфалтирани и хортикултурно уредени населби |
Сабота, 04 Декември 2021 13:34 | |||
Како и претходните така и овој викенд, Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, заедно со претставници од ЈП Исар, во населба Балканска го отстранија целиот шут и смет кој ја загадуваше населбата.
Се исчистија дивите депонии и се правеше подготовка за асфалтирање на улица. Како и другите населби така и оваа ќе биде чиста и уредена со многу зеленило и без кал.
Сите жители заслужуваат да се гордеат со нивните чисти,асфалтирани и хортикултурно уредени населби.
|