Прием на учесниците на 18-та Меѓународна Јуниорска олимпијада по природни науки во Абу Даби |
Четврток, 23 Декември 2021 12:58 | |||
Во периодот од 12 до 21 декември 2021, се одржа 18-та Меѓународна Јуниорска Олимпијада по природни науки во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати на која учествуваа 59 држави и 360 натпреварувачи, меѓу кои и учениците Марио Ванчоски и Иван Костевски, кои добија бронзени медали. Денес тие на иницијатива на Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов заедно со нивните ментори Христина Двојаковска, Марија Петровска, Јасна Миташева Тачевска и Славица Ефтимова беа негови гости. Градоначалникот нагласи дека ова се моменти по кои ќе бидат запаметени уште од помали години. Сложни беа и наставниците и учениците дека овде не треба да запрат, туку овие медали им бидат уште посилен и помотивирачки поттик за уште поголеми успеси и достигнувања, затоа што Штип е горд на нивните успеси, на нивните неуморни искачувања кон врвот и на нивните достигнувања во науката.
|