Среда, 20 Јануари 2016 08:57 |
Во рамки на проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничниот регион меѓу Бугарија и Македонија“ во 2014 година дваесет млади луѓе од општините Штип и Благоевград добија дипломи за правење грнчарски предмети и изработка на бизнис планови.
Проектот е финансиран преку ИПА програмата за меѓугранична соработка, а партнери се Општина Штип и Бугарската агенција за регионален развој во Благоевград. Проектот „Оживување на културното наследство во прекуграничниот регион меѓу Бугарија и Македонија“ е со времетраење од 18 месеци и вкупна вредност од 98.627 Евра.
|