Одделението за информатичка поддршка ги врши следните работи:
- одржување на оперативниот систем, системот на управување со базите на податоци и апликативниот софтвер;
- спроведува мерки за безбедност и заштита на информативниот систем во општината;
- спроведува постапка за заштита на преносот на податоците;
- врши поврзување на нови корисници на компјутерско-комуникациска мрежа;
- инсталира, проверува и одржува опрема;
- обезбедува резервни делови и техничка документација;
- изготвува документација за базите на податоци;
- врши надзор и одржување на базите на податоци;
- спроведува постапка за заштита и реконструкција на базите на податоци;
- дава помош на корисниците на информативниот систем во работата со базите на податоци;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.
|