Одделението за градежен, урбанистички и сообраќаен надзор ги врши следните работи:
- инспекциски надзор од областа на примената на Законот за градење во делот на надлежноста на општината;
- инспекциски надзор над градби од трета, четврта и петта категорија утврдени со закон;
- овластениот градежен инспектор е службено лице кој е самостоен во вршењето на инспекцискиот надзор;
- непосреден инспекциски надзор согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и други прописи кои ја регулираат оваа област, а се од надлежност на општината;
- подготвува акти и други материјали, предлози до градоначалникот и Советот на општината;
- увид во документацијата од постапката за донесување на урбанистички планови;
- увид за начинот на чувањето на урбанистичките планови и картирани подлоги;
- надзор над спроведувањето на одлуките на советот;
- непосреден инспекциски надзор врз примената на одредбите од Законот за јавни патишта, Законот за превоз во патниот сообраќај и прописите донесени врз основа на овој закон што се однесуваат на општинскиот превоз на патници, автотакси превозот на патници и посебниот линиски превоз на патници што се врши на подрачјето на општината;
- надзор на спроведувањето на други прописи што се однесуваат на оваа област;
- води постапка, донесува решенија и поднесува пријави за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени.
|