ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОЧВАРСКИ CO ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ – ПРВИ МАЈ |
Понеделник, 30 Април 2018 11:56 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, на сите жители на општината им го честита Меѓународниот ден на трудот – Први мај, со желби да се вреднува трудот на работникот, да се работи во амбиент во кој работникот ги ужива заслужените права. Водејќи се од основните вредности на слобода, еднаквост и солидарност, градоначалникот Бочварски продолжува да се заложува за зачувување и унапредување на правата на работниците, преку активно дејствување во граѓанската борба за работничко достоинство. Социјална заштита и праведност за сите, економска безбедност, праведна распределба на животните можности и рамноправност се принципи на работа по коишто треба да се водиме сите. Нека е честит Меѓународниот ден на трудот.
|