Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Соопштенија Писмена реакција на прес конференција на советник во Совет на Општина Штип
Писмена реакција на прес конференција на советник во Совет на Општина Штип
Четврток, 22 Ноември 2018 15:35

Лицемерието на советникот Љубе Здравков и ВМРО-ДПМНЕ нема крај.

Ова раководство на ФК Брегалница врати 1.500.000 денари или повеќе од 25.000 евра долгови оставени од времето на криминалите на ДПМНЕ. Време во кое ФК Брегалница имаше речиси двојно поголеми буџети, а нижеше неуспеси и излезе од прва лига.

Јавно го прашуваме советникот Љубе Здравков дали во времиња кога Брегалница излегуваше од прва лига, тој гласаше за двојно поголеми буџети од преку 18 милиони денари.

Јавно го прашуваме советникот Љубе Здравков зошто ги поддржуваше двојно поголемите буџети на ФК Брегалница во моменти кога таа излегуваше од прва лига.

Граѓаните добро се сеќаваат на одлуките на тогашната власт. Лицемерието на советникот Љубе Здравков оди дотаму што личните ставови и одлуки ги променува по партиски наредби и единствено за политички поени.

Денес парите доделени на ФК Брегалница одат на вистинското место, навремено се исплаќаат плати, се сервисираат долговите останати од ВМРО-ДПМНЕ и се инвестира во инфраструктура потребна за напредок на овој клуб.

Денес Брегалница ја водат спортисти и спортски работници, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНе кога ја водеа нивни партиски послушници.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2024
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize