Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Соопштенија Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ
Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ
Среда, 24 Април 2019 14:29

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ освен да излегува на неаргументирани прес конференции нема способност за ништо друго!

Општина Штип преку јавните претпријатија секојдневно во дослух со граѓаните ги чисти и уредува јавно прометните површини и кантите за отпадоци.

Како резултат на домаќинското работење и заштеди на гориво и други трошоци во јавните претпријатија кои во време на ВМРО-ДПМНЕ биле многу повисоки, денес имаме поголеми капацитети за чистење и одржување на хигиена во општина Штип.

За потсетување на граѓаните во изминатите две години се направени акции на „Пролетно чистење и уредување“ во секоја урбана заедница, каде јавните претпријатија заедно со граѓаните работеа на уредување на зелени површини, замена на улични светилки, чистење на јавно прометни површини, уредување на дрвореди.

Изминатиот месец градоначалникот Бочварски заедно со јавните претпријатија беше присутен на еколошка акција во урбаната заедница Света Недела, каде се работеше на собирање смет и уредување на овој дел од градот.

Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во ваквите акции и активности за поубав и почист Штип, а не само пред изборите да излегуваат на прес конференции кои се единствено за политички поени и цели.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize