Честитка по повод 23 мај-Национален ден на Власите |
Четврток, 23 Мај 2019 14:00 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува честитки по повод 23 мај- Национален ден на Власите, во која се вели: „ Дозволете ми на почетокот да го честитам денешниот ден, 23 мај – Националниот ден на Власите, на сите вас мои сограѓани, припадници на влашката заедница. Упатувам искрени честитки со желба за понатамошен успех во промоцијата, негувањето и ширењето на традицијата и културата на Власите во Република Северна Македонија. Тоа е богатството на нашата драва. Вие ја правите нашата држава богата земја и придонесувате за севкупниот општествен развој и напредок на Република Северна Македонија. Нашиот град е семејство на повеќе јазици, култури и вери, тoj е мозаик со многу бои и секоја боја посебно блеска со својата убавина. Меѓусебната почит и разбирање треба да биде ѕвездата водилка во нашето опшество, која ќе вродува само успеси и напредок. Затоа денеска мои сограѓани, уживајте во празничниот ден и имајте пријатни семејни мигови исполнети со многу среќа и здравје. Во иднина ќе продолжиме заедно напред кон успешната приказна – едно општество за сите, темелена единствено на взаемна почит и разбирање,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.
|