Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Соопштенија Реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Понеделник, 10 Јуни 2019 13:29

opstina-stip-zgrada-3Единствениот виновник и одговорен за тоа што Штип и штипјани немаат градски базен е ВМРО-ДПМНЕ!

Опозициската ДПМНЕ да одговори на граѓаните зошто кога беа власт распродаваа државни имоти како да се нивна лична сопственост и правеа договори во „четри очи“ далеку од очите на јавноста.

За потсетување на јавноста и на загрижените членови на ВМРО-ДПМНЕ, еден градоначалник од вашите редови во својата програма ветуваше затворени базени, балон сали, спа центри за да неговиот наследник исто од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој исто така ветуваше, но единствено што реализира е тоа што го продаде единствениот градски базен во Штип, под услови познати само нему.

За разлика од нив кои сееја само магла и празни ветувања, ние како локална власт сме на стартот на изградба, со целосна документација, на затворен базен во склоп на училиштето „Димитар Влахов“ во населба Сењак.

Исто така преку јавно приватно партнерство ќе градиме спортско рекреативен центар Суитлак со богати содржини кои ќе одговорат на потребите на граѓаните како што се: фудбалски игралиште, помошни простории за игралишта, спа центар, теретана, соблекувални за посетители, ресторан и многу други содржини.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ како да ги заборави сите криминали и кривични пријави додека беа локална власт и наместо да ги осудат истите, тие продолжуваат да работат спротивно на интересите на граѓаните и да шират лажни обвинувања, но едно забораваат пред фактите и боговите молчат.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2024
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize