Честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април |
Среда, 08 Април 2020 12:47 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, на сите сограѓани од ромската заедница. „Во мое име и во име на Општина Штип на нашите сограѓани од ромската етничка заедница им го честитам Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, со желба за многу здравје, среќа и успеси на личен и професионален план. Ова се моменти на искушение, кога сите заеднички сме исправени пред голема препрека, моменти кога сите со заеднички сили и капацитети се бориме за нашето здравје и справување со вирусот Ковид 19, моменти кои ни укажуваат дека овој опасен вирус, не бира вера, нација или било каква друга припадност. Затоа нашата сплотеност и нашиот ангажман ќе бидат клучниот фактор во оваа борба. Драги сограѓани, Вашите предлози и идеи за развојот на Штип се подеднакво почитувани и применувани, затоа нашиот град беше прогласен за најпријателска ромска општина. Заедно да продолжиме да го чекориме патот на инклузивното општествно, пат во кој секој еден е важен и сечии капацитети се важни за заедничкиот напредок. И во овие тешки времиња, да се потсетиме дека нашата држава постигнува огромни успеси, членството во НАТО што значи сигурна и безбедна држава и преговори за членство во Европската унија. Тоа се нашите заеднички цели!
Почитувани пријатели, Во моменти кога наш приоритет е справување со овој опасен вирус, ви посакувам многу здравје, среќа и семеен мир. Повторно ќе дојдат добри денови, повторно ќе бидеме со нашите пријатели и проширени семејства, повторно ќе се среќаваме и дружиме. До тогаш, да бидеме одговорни и да го чуваме личното и колективното здравје,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.
|