Честитка по повод 1 Мај ден на трудот |
Петок, 01 Мај 2020 12:53 | |||
Овој ден отсекогаш бил симбол на борбата за работничките права, и на изразувањето работничка солидарност. Поради тоа, 1 Мај силно не потсетува на потребата секојдневно да вложуваме максимални напори за вреднување на трудот и работникот, моторот на нашата економија. Денес повеќе од било кога императив на нашата држава е зачувување на работните места. Затоа продолжуваме заедно да се бориме и за работните места и за работничките права. Секој од нас мора да се одважи, да покаже одговорност во ова денешно време, во оваа наша заедничка битка.
Со одговорност и солидарност ќе ја победиме оваа криза пред се за државата!
Со одговорност и солидарност ќе ја победиме оваа криза пред се за работникот!
Нека ни е честит празникот на трудот 1 Мај!
Стои во честитката на градоначалникот Благој Бочварски.
|