Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Соопштенија Започнување на акција за откривање и исклучување на нелегални приклучоци
Започнување на акција за откривање и исклучување на нелегални приклучоци
Петок, 22 Јануари 2021 13:27

opstina-stip-zgrada-3Се известуваат сите граѓани дека  ЈП "Исар" започнува со акција на откривање и исклучување на нелегално приклучени корисници на водоводната мрежа.

Ваквите активности се во насока пред се на зголемување на свеста на граѓаните поради самиот факт што со нелегалното приклучување на водоводната мрежа се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и квалитетот на водоснабдувањето за сите корисници кои легално се приклучени и плаќаат сметки за вода.

Поради тоа ги повикуваме граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и истите регуларно да си поднесат барање за приклучок на водоводната мрежа.

Акцијата во координација со останатите институции ќе започне веднаш и ќе се спроведува во текот на целиот период се до нормализирање на состојбата и растеретување на водоводната мрежа од ваквите нелегални приклучувања од страна на граѓаните.

Дополнително се известува јавноста дека во насока на заштита на зелените површини и водата за пиење, од страна на градежни инспектори се евидентирани објекти во изградба – дивоградби во зоната на заштитени води и истите ќе бидат отстранети.

Градењето на бесправните објекти во зоната на заштитените води претставува сериозна опасност која доведува до ризик за загадување на водата за пиење и од тие причини екипите се веќе на терен и нема да се дозволи да се загрози безбедноста на водата за пиење и здравјето на граѓаните.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2024
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize