УПАТСТВО за добивање на одобрение за градење - ИПАРД програма |
У П А Т С Т В О
за добивање на одобрение за градење за објекти кои во рамки на ИПАРД програма се градат на градежно земјиште за кое е донесена урбанистичко - планска документација
За добивање на одобрение за градење инвеститорот поднесува писмено барање (образецот на барањето е утврден со Правилникот за формата и содржината на барањето за одобрение и формата и содржината на одобрението за градење објавен во Службен весник на Република Македонија бр.24/11) до општината на чие подрачје треба да се гради објектот. Кон барањето се доставува следната документација :
Забелешка: Основниот проект содржи студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина односно елаборат за заштита на животната средина одобрени од надлежен орган, доколку со прописите од областа на животна средина е предвидено изработка на студија односно елаборат за овие градби.
Општината е должна во рок од 15 дена од приемот на барањето да ја разгледа доставената документација и да утврди дали истата е комплетна, дали основниот проект е изработен во согласност со законските прописи и планската документација и дали барателот е единствен носител на правото на градење. Доколку доставената документација е комплетна, надлежниот орган е должен да ги извести субјектите надлежни за електроенергетска, водоводна и канализациона инфраструктура како и други надлежни субјекти утврдени со Законот за градење, кои се должни да извршат увид во проектот и да се произнесат на записник дали имаат забелешки. Доколку основниот проект е изработен во согласност со законските прописи и планската документација, субјектите надлежни за електроенергетска, водоводна и канализациона инфраструктура односно другите надлежни субјекти немаат забелешки и барателот е единствен носител на правото на градење, надлежниот орган е должен да го завери основниот проект и да достави до барателот известување со пресметка за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште (комуналии). Инвеститорот е должен да го плати надоместокот за уредување на градежно земјиште или со општината да склучи договор за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште на рати или да склучи договор со кој е утврдено дека инвеститорот ќе го уреди земјиштето на сопствен трошок или да достави банкарска гаранција за плаќање на надоместокот или да востанови хипотека во корист на општината а општината може да донесе и акт со кој инвеститорот ќе го ослободи од плаќање на надоместокот. Одобрението за градење се издава во рок од пет работни дена од доставување на доказ за регулиран надоместок за уредување на градежно земјиште (комуналии).
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето, надлежниот орган е должен да донесе решение за одбивање на барањето за одобрение за градење во рок од седум дена од истекот на рокот за дополнување, а доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да достави до барателот известување со пресметка за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште (комуналии), во рок од два дена од комплетирањето на документацијата.
Јана Јанкова Тел: 078 472 623 (032/ 22 66 45)
|