СООПШТЕНИЕ За организирање на јавен увид на изработен УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ЗА Е1.13 ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 547/1, 547/2, 547/3, 547/4 и 547/5, КО ДОЛАНИ, ОПШТИНА ШТИП Изработката на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ЗА Е1.13 ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 547/1, 547/2, 547/3, 547/4 и 547/5, КО ДОЛАНИ, ОПШТИНА ШТИП, ќе се одвива во рамките на границата на катастарската парцела односно границата на проектниот опфат се поклопува со границата на катастарската парцела 547/1, 547/2, 547/3, 547/4 и 547/5, КО ДОЛАНИ, ОПШТИНА ШТИП.
Опфатот е дефиниран со следните граници: - Од исток граничи со КП 548 - Од север граничи со КП 550/1 - Од запад граничи со КП 546/1 и КП 546/3 - Од југ граничи со КП1571 (некатегоризиран пат) Површината која ја опфаќа опишаната граница изнесува 1,93 ха Планската документација треба да се изработи во размер М=1:1000 Проектна документација се изработува по прифатена Иницијатива за изработка на урбанистичката документација од страна Комисијата за урбанизам на Општина Штип. Јавниот увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ЗА Е1.13 ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 547/1, 547/2, 547/3, 547/4 и 547/5, КО ДОЛАНИ, ОПШТИНА ШТИП ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалната web страна на Општина Штип: Јавната увид ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението , започнувајки од 18.07.2021 год. до 01.08.2021 год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
|