Предлог планска програма за изработка на измена и дополнување на ДУП за дел од УЕ 28, дел од нас. „Автокоманда“, Општина Штип |
Вторник, 19 Октомври 2021 13:25 | |||
Врз основа на член 44 од Законот за урбанистчко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32 од Септември 2020год) изработена е ПРЕДЛОГ П Л АН С К А ПРОГРАМА за изработка на ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УЕ28, ДЕЛ ОД НАС. „АВТОКОМАНДА“, ОПШТИНА ШТИП. Планската програма треба да овозможи отпочнување на изработка на ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УЕ28, ДЕЛ ОД НАС. „АВТОКОМАНДА“, ОПШТИНА ШТИП. Општина Штип има потреба од формирање и развој на градежни парцели, а врз база на согледувањата и извршените проценки за развојни плански можности кои не се предвидени со постоечката урбанистичка документација има потреба од промена на постојната урбанистичко планска документација. Планскиот опфат за изработка на планската документација е прикажан на графичките прилози кои се во прилог на планската програма е формиран по граници на катастарски парцели, осовина на улица и пешачка патека. - од север опфатот е дефиниран по осовина на пешачка патека, КП4814/1, КП4951, КП4952, КП4953 и КП4954/1. - од исток опфатот е дефиниран по осовина ул.Глигор Прличев. - од југ опфатот е дефиниран по осовина ул.Глигор Прличев. - од запад опфатот е дефиниран по осовина на пешачка патека. Површината која ја опфаќа опишаната граница на прелиминарниот плански опфат изнесува 0,27 ха.
|