ЈАВЕН УВИД – УПВУП за Е1.13 (фотоволтаична централа) на КП 388/2, КО Врсаково |
Четврток, 30 Декември 2021 13:33 | ||||
Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 36 од Статутот на Општина ШТИП, и донесената Градоначалникот на Општина Штип го дава следното: С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавен увид на изработен УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.13 - ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКРТАНИ, КП БР. 388/2 КО ВРСАКОВО, ОПШТИНА ШТИП Изработката на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план Е1.13 - површински соларни и фотоволтаични елекртани, КП бр. 388/2 КО Врсаково, Општина Штип ќе се одвива во рамките на следниот проектен опфат: Проектниот опфат кој е предмет на уредување со урбанистички план Е1.13 - површински соларни и фотоволтаични елекртани, КП бр. 388/2 КО Врсаково, Општина Штип ги опфаќа следните граници: - Од исток граничи со КП 387, КО Врсаково, Штип - Од север граничи со КП 389, КО Врсаково, Штип (пристапен пат) - Од запад граничи со КП 388/1, КО Врсаково, Штип - Од југ граничи со КП 248/1, КО Врсаково, Штип Површината која ја опфаќа опишаната граница изнесува 2,2 ха Проектна документација се изработува по прифатена Иницијатива за изработка на урбанистичката документација од страна Комисијата за урбанизам на Општина Штип. Јавниот увид на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Е1.13 - ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКРТАНИ, КП БР. 388/2 КО ВРСАКОВО, ОПШТИНА ШТИП ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалната web страна на Општина Штип: www.stip.gov.mk
Јавната анкета ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението , започнувајки од 30.12.2021 год. заклучно со 13.01.2022 год Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
|