ДПТУ Бучим Радовиш отпочна со реализација на својата нова инвестиција и
проект – отворање на површинскиот коп Боров дол. За таа цел, согласно
законодавството за животна средина отпочнати се две постапки - стратегиска
оцена на животната средина што се однесува на урбанистичката планска
документација со цел урбанизација на плански опфат, и втора за оценка на
влијанието врз животната средина од планираниот проект за експлоатација на
минерални суровини на локалитетот Боров Дол.
Во прилог линк до двата документа:
Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Државна
Урбанистичка Планска Документација за определување на градежна парцела со
намена Г1 – тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на
локалитет Боров Дол, во Општина Конче, Штип и Радовиш
СТУДИЈА за оцена на влијанието врз животна средина за проект за
Eксплоатација на минерална суровина бакар на локалитетот Боров Дол, општина
Конче, Штип и Радовиш
|