Среда, 04 Април 2012 09:35 |
На 9-ти април 2012 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот, во Општина Штип ќе биде извршена презентација на студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот „Национален гасификационен систем во Република Македонија, делница 1, Клечовце - Неготино, со крак до ТЕЦ Неготино“.
Студијата е на Министерството за транспорт и врски а изработувач е друштвото за технолошки и лабораториски испитувања , проектирања и услуги „Технолаб“ ДОО - Скопје. Студијата е изработена во периодот септември - декември 2011 година.
Делницата 1, Клечовце - Неготино е со должина од 96,59 километри а кракот Неготино до ТЕЦ Неготино е со должина од 4,78 километри.
|