Одржана промоција на Индекс на родова рамноправност на општините во Република Македонија |
Среда, 24 Октомври 2018 13:15 | |||
На 22 октомври 2018 година во Хотел Солун во Скопје беа презентирани резултатите од Индексот на родова рамноправност на општините во Република Македонија, подготвен од ЗГ Реактор – истражување во акција со поддршка на проектот од страна на УСАИД за граѓанско учество. На презентацијата учествуваа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Државен завод за статистика Апостол Симовски, директорот на Канцеларијата за општи работи на УСАИД во РМ, Раул Гонзалес, претставници од здруженија на граѓани, како и координатори за еднакви можности на општините. Од Општина Штип присутни беа координаторот Снежана Санева и заменик координаторот за еднакви можности Марина Митревска. Во Република Македонија постои законска регулатива со која се регулира тематиката за родовата еднаквост. Со истата е пропишано дека општините како значајни тела на локалната власт задолжително треба да се стремат кон обезбедување на оптимални услови за практикување на родовата рамноправност како и самте да го спроведуваат и почитуваат овој концепт. Поаѓајќи од претпоставка дека состојбите на ова поле се различни, Реактор направи истражување за да се утврди какви се тие состојби во сите 81 општина во Република Македонија. При истражувањето значајно беше да се нагласи дека не е доволно спроведувањето само на принципот на еднаквост, туку и на правичност, затоа што со првиот принцип се предвидува еднаквост на двата пола во се`, додека вториот принцип предвидува реално согледување на состојбите и преземање на сразмерни мерки според потребите на помалку застапениот пол со цел постигнување на правичност и рамноправност. Во регионот само Србија го има пресметано Индексот за родова рамноправност. Од вкупно 28 индикатори со кои се определува родовиот индекс, 26 се расположливи благодарение на Државниот завод за статистика. Индексот се состои од математичка комбинација на група индикатори. Процедурата е изготвена од ОЕЦД и од Европската комисија. Домените во кои се истражува родовата рамноправност се: работа, пари, знаење, време, моќ и здравје. Секој од овие домени содржи различен број на индикатори. Така, работа = 6 индикатори, пари=3 индикатори, знаење=3 индикатори, време= 4 индикатори, моќ=4 индикатори здравје= 7 индикатори. На крајот се добива слика за состојбата со родовата рамноправност во 3 области:
Тимот на „Реактор“ верува дека оваа алатка ќе ги мотивира општините да креираат политики кои во фокусот ќе ги имаат потребите на жените, а со тоа и ќе остварат подобри резултати на следниот преглед на Индексот, кој се планира да се спроведе во 2020 година. На крај се промовираше и сајтот на кој се достапни резултатите од истражувањето, односно родвиот индекс на општинитена Република македонија во 2018 година: www.rodovindeks.mk Општина Штип според добиените резултати спаѓа во високо рангираните општини, но тоа не значи дека работата е завршена и дека стремежот и активностите за подобрување на состојбата на планот на родовата рамноправност треба да престанат.
|