Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Еднакви можности Одржана обука на педагошко - психолошките служби од основните и средните општински училишта во Општина Штип на тема: „Родово базирано насилство“
Одржана обука на педагошко - психолошките служби од основните и средните општински училишта во Општина Штип на тема: „Родово базирано насилство“
Вторник, 30 Октомври 2018 13:13

RodovoBaziranoNasilstvo-01Во рамки на Акциониот план за заштита од дискриминација на локално ниво на Општина Штип, кој беше донесен од Советот на Општина Штип, изготвен од Локалното координативно тело за заштита од дискриминација, што е дел од проект на Асоцијацијата за здравствена едукација Х.Е.Р.А и Општина Штип, финансиски поддржан од Холандска амбасада во Република Македонија, на 30 октоври во општината се одржа обука за стручните служби на основните и средните општински училишта на тема:„Родово базирано насилство“.

На настанот беа присутни Елена Петровска, проектна координаторка од Х.Е.Р.А, Љупка Трајановска во улога на предавач, член на Националната мрежа за борба против насилство врз жените и семејно насилство, претставници од Локалното координативно тело за заштита од дискриминација, претставници од општинската администрација и претставници од стручните, педагошко-психолошки служби на училиштата.

Обуката се состоеше од презентирањеRodovoBaziranoNasilstvo-02 на податоци за тоа што е родово базирано насилство, како се манифестира, како да се препознае како и податоци за присутноста на овој вид насилство во средината, со посебен акцент на ваков тип на насилство во училиштата. Податоците кои беа презентирани укажуваат на сериозно присуство на овој вид на насилство.

Во периодот од 2008 до 2016 годинана територијата на Република Македонија биле убиени 70 жени од кои сторители се најчесто мажи 94% (податокот е од МВР), и тоа: сопруг (11 случаи), вонбрачен партнер (3), интимен партнер(5), поранешен сопруг (5), татко (1), син(2), брат (1), семеен член(3), познаници(2), непознат(4).

Од 100 жени, 5 се жртви на силување или обид за силување. Една од 3 жени во текот на својот живот е жртва на физичко или сексуално насилство.

Под насилство се подразбираат: физичко, психичко, сексуално насилство, структурно насилство, културно насилство врз жената. Како примери за кутурно насилство во светот се познати: врзување а стапалата на жените во Кина, палење на „вештерки“ ( среден век), палење на вдовици по смртта на сопругот во Индија, обрежување на жени во Африка, убивање на женско новороденче, убивање на жени поради чест, конвенционална убавина, користење и злоупотреба на женската убавина во комерцијални цели и сл.

RodovoBaziranoNasilstvo-03Во вториот дел се презентираа состојбите со родовото базираното насилство во училиштата. Се констатираше дека девојчињата почесто се жртви на родво базирано насилство, а причини за насилство може да бидат изгледот, однесувањето, материјалната состојба, родовиот идентите и сл. Манифестациите можат да бидат различни како дофрлување, навредување, исмевање, имитирање, недозволено допирање, па се до удирање и отворено физичко насилство. Во текот на обуката се разви и дебата дали и како се препознава насилството во училиштата во општината, колку е често, која е постапката за решавање на случаите, кои лица се одговорни, какви мерки се превземаат за спречување на насилството. Како позитивен пример беше истакнато постоење на „Дете правобранител“ – проект кој се реализира во соработка со Канцеларијата на Народниот правобранител во Штип. Обуката им овозможи на службите стекнување на нови сознанија, согледување на состојбите на ова поле, размена на искуства и координација со администрацијата во општината.

 

 

 

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2024
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize