Одржана прес конференција за промовирање на локална кампања за заштита од дискриминација |
Вторник, 04 Декември 2018 15:25 | |||
На 29 ноември во Општина Штип беше одржана прес конференција за промовирње на два спота за заштита од дискриминација, како дел од локалната кампања за заштита од дискриминација на локално ниво, која пак беше планирана со Локален акциски план за заштита од дискриминација на Општина Штип за 2018 година. Акцискиот план беше изготвен од страна на Локалното тело за заштита од дискриминација, како дел од проект што Општина Штип го реализираше со Асоцијација за здравствена едукација и истражувањеХЕРА, а се однесуваше на заштита и спречување на дискриминација во Собранието на Република Македонија на локално ниво.
|