Презентација на добиени резултати од проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално – преносливите болести и можните последици од нив, во насока на превенција на истите“ |
Среда, 05 Декември 2018 15:18 | |||
Во рамки на Годишната програма за еднакви можности на Општина Штип за 2018 година, која беше донесена Од Комисијата за еднакви можности и Совет на Општина Штип, беше предвидена и реализација на проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално преносливи болести и можните последици од нив во насока на превенција на истите“. Реализацијата на овој проект опфати анализа на почетната состојба на знаењата на младите од прва година на средните училишта за сексуално преносливите болести преку анкетирање, сумирање на резултатите од анкетата, детектирање на слабостите, реализирање на предавања и повторно анкетирање со цел утврдување на напредокот со знаењето на оваа тема. Имајќи ја предвид позитивната практика од реализацијата на ваквиот проект и ефектите кои беа постигнати во изминатите години, истиот беше вклопен и во Програмата за еднакви можности за 2018 година. Добиените резултати од проектот беа презентирани на јавноста од страна на д-р Елена Илијева и д-р Викторија Јорданова од Центарот за јавно здравје на 30 ноември 2018 година, во сала 2 на Општина Штип. Воедно, со презентирање на резултатите од анкетирањата и предавањата се одбележа Први декември - Светскиот дена за борба против Сидата.
|