Патната мрежа во општина Штип има вкупна должина од 377,4 км, од кои 47,0 км (12,45%) се магистрални патишта, 22,4 км (5,94%) се регионални патишта и преостанатите 308,0 км (81,61%) се локални патишта. Од целокупната патна мрежа на општина Штип 230,4 км ја сочинуваат уличната мрежа во урбанизираните населени места. Останатите 147,0 км отпаѓаат на патиштата кои ги поврзуваат населените места во рамките на општината.
Во Штип се стигнува преку магистралниот пат М-5 (Штип – Кочани - Делчево) кој има врска со автопатот Е-75 (Скопје - Гевгелија) благодарение на патниот правец Штип - Велес. Постојат и регионалните патни правци Р - 601 (Штип - Планина Плачковица) и Р-526 кој поминува низ самиот град и се конектира на магистралата М-5. Во план е изгардба на нов патен правец (Штип - Миладиновци) кој ќе го скрати патувањето до метрополата Скопје.
|