Оддржана седница на Совет на Општина Штип |
Четврток, 23 Ноември 2017 14:19 | |||
Вчера се оддржа втората седница на Советот на Општина Штип на чиј дневен ред беа неколку точки. Усвоена е Предлог-Одлука за определување членови на Советот на Општина Штип кои ќе присуствуваат при склучување на бракови и Предлог-Решение за именување претседател и членови на постојаните комисии на Советот на Општина Штип. Советот утврди Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на Општинска јавна установа Детска градинка „Астибо“-Штип и Предлог-Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на Јавна установа за деца Општинска детска градинка „Вера Циривири-Трена“-Штип.
|