Средба на градоначалникот со претставници на НДИ и „Рома С.О.С“ за приоритети за Ромската заедница - Детектирани шест главни проблеми за Ромите |
Четврток, 23 Ноември 2017 14:32 | |||
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов денес имаа средба со претставници на НДИ и на ромското здружение „Рома С.О.С“ во врска со проекти за подобрување на состојбата на Ромската заедница во градот. - Јас ги информирав претставниците на овие организации дека во тек е изготвување на буџетот за 2018 година, почнуваме со дебати со урбаните заедници и граѓаните за да ги слушнеме нивните потреби. Овие средби ни олеснуваат, бидејќи ни ги кажуваат најголемите потреби и истите да ги нотираме, кои се клучните точки каде треба да правиме проекти. Побарав поддршка од нив, ние како општина ќе одвоиме буџетски средства но сакаме и тие да помогнат, за да дојдеме до поддршка од невладини организации од странство, кои ќе помогнат во реализација на тие проекти.Верувам дека сорбаотката ќе продолжи и дека ќе го подобриме животот на сите граѓани - изјави градоначалникот Бочварски. Месиме Салиоска од здружението „Рома С.О.С“ напомена дека тие веќе соработувале во минатиот период со локалната самоуправа во Штип: - Сакаме да воспоставиме уште поголема соработка, за да помогнеме во решавање на дел од приоритетните проблеми на Ромската заедница во Штип. Ние лани спроведовме истражување и ги идентификувавме приоритетите а тоа се: уличното осветлување, нерегулираниот сообраќај, хигиената во населбата, образованието и бездомништвото а постојат и дел од населбите кои се надвор од ДУП.За тоа и разговаравме, со градоначалникот, во плановите за идната година да се лоцираат буџетски средства за да се направат проекти по овој основ и да им ја подобриме состојбата на Ромската заедница во Штип. На оваа прва средба, таа му посакаа успешна работа на Бочварски како нов градоначалник на Штип.
|