Градоначалникот оддржа втора средба со граѓани за предлог буџетот |
Вторник, 28 Ноември 2017 08:37 | |||
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски синоќа ја продолжи серијата на состаноци и средби со жителите на урбаните заедници во Штип. Повод за средбите беше изготвувањето на новиот буџет на локалната самоуправа за 2018 година и утврдувањето на ставки за реализација на проекти кои урбаните заедници ќе ги побараат од општината и градоначалникот. Првата средба се оддржа минатата недела а синоќешната средба со почеток во 18:00 часот се оддржа во големата сала на Општина Штип со претставници и жители на урбаните заедници: 8 ноември, Брегалница, Ново Село, Славчо Стојменски, Автокоманда, Баби, Пребег, Дузлак и Сењак Тие имаат можност да ги кажат предлог проектите кои сакаат да се реализираат со новиот буџет на општината.
|