Градоначалникот на локална трибина за превентивно здравство за Ромската популација |
Вторник, 28 Ноември 2017 09:14 | |||
Градоначалникот на Штип, Благој Бочвaрски денес присуствуваше на локална трибина за подигање на свеста кај Ромската популација за важноста од превентивна здравствена заштита и стекнување на правото за здравствено осигурување.Трибината е во организација на ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Целта на трибината е да се подигне свеста кај ромската заедница за важноста од превентивна здравствена заштита како и обезбедување на здравствено осигурување.Целна група- заедницата, родители и деца на возраст помеѓу 12-18 години, како и претставници од НВО и институциите на локално ниво: - Давам поддршка на ваквите трибини, кои имаат за цел подигање на свеста кај луѓето, не само кај Ромската популација туку воопшто кај сите етнички заедници, со цел подобро здравство и општество кое се грижи за сите заедници. Ние како локална самоуправа работиме на идниот буџет во кој ќе бидат предвидени средства за инфраструктурата за Ромската заедница, што е само еден сегмент од подобрување на условите за живот во градот - напомена градоначалникот Бочварски во воведното излагање. На трибината беше ставен акцент на важноста од превентивната здравствена заштита и остварување на правото на стекнување на здравствено осигурување. Свое излагање имаа и претставници на Фондот за здравствено осигурување од Штип,стручни лица за примарна и превентивна здравствена заштита при Здравствен дом Штип како и лекар-специјалист за семејна медицина.
|