Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Одржана дебата за сообраќајни решенија во штипското централно подрачје
Одржана дебата за сообраќајни решенија во штипското централно подрачје
Среда, 10 Јануари 2018 12:45

debata1Денеска се одржа Дебата за сообраќајни решенија во штипското централно подрачје, којашто Општина Штип ја организираше со цел да се поттикне наоѓање паметни сообраќајни решенија за нашиот град. Покрај градоначалникот на Општина Штип, претставници на Општината и ЈП „Стипион 2011“, на денешната дебата присуствуваа и поканетите претставници на следниве институции, организации и здруженија: СВР Штип, АМД Штип, Здружение на возачи Штип, Здружение на такси превозници во Штип, Сектор за сообраќајни работи при МВР, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, невладини организации, медиумите, жители на урбаните заедници во Штип коишто се засегнати од проблемите предизвикани од сообраќајниот метеж, како и проф. д-р Верица Данчевска од Отсек за сообраќај и транспорт при Технички факултет на Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола.

На дебатата присутните имаа можност debata2да разговараат за потенцијални паметни сообраќајни решенија, а градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, како и претставници на ЈП „Стипион 2011“ понудија предлог-решение. Според предлог-решението, предвидено е сообраќајот на еднонасочните улици „Васил Главинов“ и „Михајло Апостолски“ да се одвива во две коловозни ленти, постоечките паркинг места да се преместат на тротоарите, а да се изградат нови конзолни тротоари над реката Отиња, со што ќе се обезбеди место и за пешаците како учесници во сообраќајот.
Крајниот резултат од спроведувањето на ова решение би бил зголемување на бројот на паркинг места, но и растоварување на сообраќајните линии до најважните институции и организации во центарот на градот.

Во дебатата се вклучија претставници на невладини организации, коишто апелираа да се имплементираат сообраќајни стандарди со цел да не бидат заборавени потребите на лицата со инвалидитет.

debata3Збор зеде и проф. д-р Драгица Трајчева од Отсек за сообраќај и транспорт при Технички факултет на Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола, којашто ги поздрави напорите на Општина Штип за организирањето на денешната дебата. Професорката Трајчева истакна дека покрај конкретните сообраќајни решенија, особено важно е и градењето и одржувањето на сообраќајна култура кај сите учесници во сообраќајот. Професорката Трајчева посочи дека сообраќајот претставува динамичен процес за којшто не постојат константна солуција којашто апсолутно сите би биле задоволни, но дека со правилно организирање и јасна цел возможно е да се пристигне до решенија на проблемите.

Размисли споделија и членот на Совет за безбедност во сообраќајот, такси превозници и граѓани, коишто посочија на проблематичните точки во сообраќајот во централното градско подрачје за нив.

Дебатата заврши на позитивна нота, со заложби од сите присутни за понатамошно учество и давање придонес и на други собири од сличен карактер.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize