Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Градоначалникот на увид на изградба на тротоар на улица „Борис Крајгер“
Градоначалникот на увид на изградба на тротоар на улица „Борис Крајгер“
Среда, 03 Јануари 2018 09:24

Boris Krajger-1Општина Штип и во овој празничен период продолжува со изградба и реконструкција на патната инфраструктура во градот.

Во моментов се одвиваат градежни активности во повеќе делови од нашиот град. Денеска се наоѓаме во населбата Сењак, каде сакаме да го посочиме вниманието на јавноста кон изградбата на нов тротоар на улицата „Борис Крајгер“, на потегот од спортската сала „Јордан Мијалков“ до крстосницата со булевар „Партизанска“.

Станува збор за инфраструктурно решение со коешто се зголемува безбедноста на жителите од овој дел од градот, којшто е мошне густо населен, а низ којшто дополнително секојдневно транзитираат илјадници наши сограѓани од сите делови на градот.

Тротоарот е со површина од 650 квадратни метри, се протега на 250 метри покрај улицата, со широчина од 2,4 метри. Изведувач на градежните активности е ЈП „Стипион 2011“.

Доколку има поволни временски услови, предвидено е градежните активности околу овој тротоар да завршат наскоро, со што жителите ќе можат да почнат да го користат.

Со изградбата на овој тротоар Boris Krajger-2се решава долгогодишниот проблем на жителите на едно од најгусто населените места во градот. Исто така, се решава и проблемот со одводнување на водите кои лежат на локалниот пат и придонесуваат за негово разорување и уништување.

Жителите на населбата Сењак ќе бидат задоволни што конечно се решава овој нивен горлив инфраструктурен проблем. Овој тротоар ќе го користат сите пешаци, а најмногу децата, кои побезбедно ќе пристигнуваат до училиште. Со оваа нова пешачка патека ќе се зголеми нивната и општата безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Во моментов се одвиваат градежни активности во насока на пробивање нови и реконструкција на постоечките улици и тротоари на повеќе места во градот, како и поставување водовод и канализација на одредени локации.

Ја користам оваа прилика за да ги информирам граѓаните дека располагаме со 7000 квадратни метри бехатон, коишто во наредните шест месеци ќе бидат искористени за реконструкција или пробивање нови тротоари во најкритичните точки за пешаците. Со тоа ќе расте безбедноста за нашите сограѓани, а и дополнително урбанистички и визуелно ќе го подобриме ликот на градот.

Општина Штип и во новата 2018 година ќе продолжи да работи на проекти коишто се во функција на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и добивање урбан и современ изглед на градот.

Boris Krajger-3Boris Krajger-4

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2024
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize