115 години од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев |
Петок, 04 Мај 2018 10:20 | |||
Денеска се одбележаа 115 години од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев. Делегации на Општина Штип, Совет на Општина Штип, претставници од Универзитет „Гоце Делчев“, претставници од средни и основни училишта, претставници од здружение на борци и политички партии положија цвеќе кај спомен релјефот на Гоце Делчев во Ново Село. На овој настан свое обраќање имаше претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов. „ Четврти мај е значаен ден за Република Македонија и се врежува во историјата на истата. Денеска навршуваат 115 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев кој го загубил својот живот во село Баница, во борба со Турскиот аскер. Еден од најзначајните ликови за нашата држава, кој го жртвувал својот живот за највредното нешто во целиот свет, слободата. Огромната благодарност, чествувањето на датумот на раѓање и загинување, именување на значајни институции и улици со името на револуционерот Гоце Делчев се нашите придонеси за незаборав на Гоце Делчев кои секогаш ќе бидат премали во споредба со придонесите на еден визионер кој го разбира светот како поле за културен натпревар на народите“ кажа претседателот Миланов.
|