Координирана акција за уредување на зеленило во населба Македонка |
Четврток, 05 Ноември 2020 12:23 | |||
Денеска Општина Штип заедно со неколку инволвирани институции како: ЈП „Исар“, ЈП „Стипион 2011“, ТППЕ Штип, Телеком, Телекабел, ЕВН како и приватните фирми: Т&M од Штип и Црн Камен 95 од Скопје спроведоа координирана акција за сечење на стари и високи стебла кои долги години претставувале проблем на граѓаните. „Денеска вршиме координирана акција заедно со повеќе институции со што излегуваме во пресрет на повеќегодишните барања на граѓаните. Се работи за сложена акција со вклученост на повеќе институции во делот на нивните ингеренции,“ истакна в.д. Градоначалникот Миланов. Директорот на ЈП „Исар“ истакна дека јавното претпријатие во овој период работи на сечење стебла и уредување на зеленила во повеќе урбани заедници во градот, односно по барања од граѓаните. Општина Штип упатува благодарност до граѓаните за соработката во оваа акција.
|