Свечена седница на Совет на Општина Штип |
Недела, 08 Ноември 2020 13:26 | |||
Денеска по повод Денот на ослободувањето на Штип – 8 ноември се одржаа два настани, положување цвеќе на споменикот на револуцијата кај тврдината Исар и online свечена Седница на Совет на Општина Штип. Делегација од Општина Штип и Совет на Општина Штип, предводени од в.д. Градоначалникот и претседателката на Совет положија цвеќе по подов Денот на ослободувањето на Штип. Претседателката на Совет на Општина Штип, Маријана Рогожарска Поповска ја отвори свечената седница. „Нека ни е честит и вековит празникот 8 ноември – Денот на Ослободувањето на Штип. Го имам задоволството оваа година како претседател на Совет на Општина Штип да ја отворам и водам овааа свечена седница која ја одразува нашата почит кон овој голем празник за нашиот град. Поради ситуацијата со пандемијата од Ковид 19 со која се соочува целиот свет, седницата ја одржуваме online,“ истакна претседателката. В.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов во својот поздравен говор го честиташе 8 ноември посакувајќи многу здравје, среќа и љубов на сите сограѓани. „Овој ден е повод да се подсетиме и да им оддадеме должна почит на сите оние борци, херои кои ја извојуваа слободата на Штип, но истовремено е повод и да оддадеме признание на заслужни граѓани и институции кои со своето делување и дела оставаат траен белег и даваат голем придонес за градот и пошироко. Имам огромна чест и задоволство оваа година лично да им честитам и да им врачам признанија на добитници кои со право го понесоа епитетот најзаслужни во текот оваа година: - Елена Голомеова, оперска певица, - Проф д-р Трајче Стојанов, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“, - Инфективно одделение при Клиничка болница Штип, и - Територијална противпожарна единица Штип, Упатувајќи им честитка за признанијата од мое и од име на граѓаните на Општина Штип би сакал да им посакам натамошен успех во нивната работа како и нивна натамошна лична и институционална афирмација. За крај би сакал на сите граѓанина општина Штип да им го честитам овој голем празник, да им посакам добро здравје и секако уште еднаш да упатам апел доследно да ги почитувани препораките и мерките за заштита од вирусот Ковид 19. Воедно упатувам честитки по повод верскиот празник Свети Димитрија. Нека е честит 8 ноември, да сме живи и здрави,“ истакна в.д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов. Општина Штип им ги честита добиените признанија на заслжуните граѓани и институции, со желба за понатамошен успех и афирмација на своите квалитети.
|