Петок, 19 Ноември 2021 13:17 |
Во мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип, се одржа Конститутивната седница на Советот за развој на Источниот плански регион, на која присуствуваа градоначалници од единаесет општини од Истокот.
На оваа седница Градоначалникот Иван Јорданов е избран за претседател, во времетраење од една година. Во текот на оваа година заедно со другите градоначалници ќе работат за напредок во сите општини на проекти попврзани со културата, економијата, образованието, како и за туристички прогрес на регионот.
|