Одделението за економија ги врши следните работи:
- изготвување планови за локален економски развој;
- изготвување на одлуки и други општи и конкретни акти од надлежност на советот и градоначалникот, од областа на економскиот развој;
- ги следи законските и подзаконски акти од областа на трговијата, занает-чиството, туризам и угостителство и истите ги применува;
- иницира утврдување на развојни и структурни приоритети, како и основи и мерки за водење на локална економска политика на општината;
- овозможува услови за подршка на развојот на малите и средните претпријатија,
- го следи извршувањето на плановите и предлага мерки за нивно остварување;
- обезбедува документациона база на податоци за потребите на планирањето на економскиот развој;
- изработка на бази на податоци за потребите на општината;
- ги следи активностите на невладините организации и иницира и координира соработка со нив;
- ја следи состојбата, предлага мерки за нејзино унапредување;
- врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината.
|