Одделението за образование и јавни дејности ги врши следните работи:
ги следи законските и подзаконски акти од надлежната област и истите ги применува;
изготвува општи и поединечни акти од надлежност на Советот на општината и градоначалникот од областа на образованието, културата, спортот, социјалната, детската и здравствената заштита согласно закон
ги следи состојбите во областа на образованието - основно и средно, основање, финансирање и администрирање на истите во соработка со централната власт;
институционална и финансиска подршка на културните институции, негување на фолклорот, обичаите старите занаети и слични културни вредности;
организирањето на културни манифестации, потикнување на културното творештво;
развој на масовен спорт, рекреација и студентски спорт;
организирање на спортски приредби и манифестации; подршка на систем на натпревари, училишен и студентски спорт;
реализира активности од областа на здравственото воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; надзор над заразните болести;
врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на советот или градоначалникот на општината;
реализира активности од областа на социјалната заштита и заштитата на деца;