Честитка по повод 11 Октомври Ден на народното востание |
Среда, 10 Октомври 2018 14:00 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упатува честитка до сите граѓани на општина Штип, по повод денот 11 Октомври Ден на народното востание, во која се вели: „Почитувани Дозволете да го честитам Денот на народното востание – 11 Октомври на сите мои сограѓани. Ова е денот кој треба да нè потсетува на храброста и одважноста на нашите предци и на она што го наследивме од нив, а тоа е одлучноста да се спротивставиме на злите и деструктивни сили и заедно да работиме за од Македонија да направиме подобро место за живеење. Овој голем државен празник е симбол на непокорот и правдољубивоста, но и темел на вековната определба на граѓаните во Македонија за слобода, мир, за свој идентитет, интегрирана држава и мирен и достоинствен живот. Историјата нè потсетува на државничките чекори на нашите предци, на нивните одлуки кои тогаш се чинеле тешки, но времето покажало дека се и правилни. Сегашноста ни дава можност да продолжиме да работиме во истиот дух на непоколебливост, одлучност и правичност, а за подобра иднина на нашата држава. Денес и сега е моментот кога пишуваме историја, сите заедно и во духот на вистинскиот патриотизам да ја внесеме Македонија во европското семејство. Тоа е стремежот на граѓаните, на сите нас. Нека ни е среќен 11 Октомври,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.
|