Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Продолжи одбележувањето на Денот на градот Штип - Патрон на „Свети Никола“
Продолжи одбележувањето на Денот на градот Штип - Патрон на „Свети Никола“
Вторник, 19 Декември 2017 09:56

litija-1Општина Штип продолжи со реализација на програмата за одбележување на денот на градот, патронот на „Свети Никола“. Прво беше оддржана Света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Никола“   по што следеше Литија на релација: Соборен храм Св.Никола до градскиот плоштад каде беше извршено кршење на празничниот колач. Празнична беседа оддржа Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион а свое обраќање имаше и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски:

- Празникот да се слави во кругот на најсаканите litija-2и најблиските. Нека кај сите истакне добрина, милост, солидарост и простување, но исто така и практикување на универзалните човекови вредности.Во духот на овој празник да го поттикнуваме најдоброто во нас и кај нашите блиски, независно од нивната етничка, верска, јазична и идеолошка припадност. Богатството на традициите и на различностите ја прави Македонија држава којашто има со што да се гордее во светот. Ќе ги чуваме, негуваме и развиваме тие вредности во насока на создавање држава на еднакви, задоволни и среќни граѓани во Македонија. Само така ќе чекориме кон остварување на заедничките цели за успешна и просперитетна Република Македонија – напомена Бочварски.

Во 11 часот беше отворена и изложба на стари книги што се чуваат во роднокрајно одделение НУ-УБ “Гоце Делчев“ Штип а денешното одбележување завршува со манифестацијата „Младите за Шопов“ во Домот на млади каде се оддржува натпревар во рецитација на стихови на поетот Ацо Шопов.

litija-5litija-6

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize