Владимир Дојчиновски од денес и официјално ументички директор на Макфест 2018 |
Среда, 25 Април 2018 11:17 | |||
Градоначаникот на Штип, Благој Бочварски денес потпиша договор со кој Владимир Дојчиновски го именуваше за нов уметнички директор на фестивалот на музика „Макфест 2018“ во Штип. - Чест ми е што сум дел од фестивалот и ќе направам се тој да го задржи своето реноме и секако ќе работам да биде уште подобар. Сакам да им се заблагодарам на сите уметнички директори пред мене, сите тие со своите концпеции, без оглед на тоа дали фестивалот беше во јуни, октомври или без оглед на концепцијата направија многу за фестивалот. јас сум дел од Макфест од далечната 1998 а неколку пати ја добивав и првата награда без оглед на тоа дали сум аранжер или автор на музиката - кажа Дојчиновски на првата прес конференција која се оддржа по потпишувањето на договорот. Фестивалот годинава ќе се оддржи првата недела од октомври. Конкурсот за песни заврши пред два дена но ќе се почека уште некој ден по што ќе се разгледаат пристигнатите композиции. Остануваат наградите од лани, 5000 евра за прво место, 3000 евра за второ и 1000 евра за трето место.
|